Награда за Кадри Селман од градоначалникот Георгиески
На предлог на група граѓани, а по повод 7 ноември, празникот со кој се одбележува ослободувањето на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески, донесе решение за парична награда во висина од 20 илјади денари за Кадри Селман, вработен во ЈП “Охридски Комуналец“.
Наградата му се се доделува за посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило. Колегите на Селман, едногласни дека наградата оди во вистински раце. Кадри вели дека е искрено среќен за наградата и очекувал дека некој ќе знае да ја цени неговата 36 годишна работа во јавното претпријатие, односно во РЕ “Паркови и зеленило“.
Селман наградата ќе ја прослави со колегите од ЈП “Охридски Комуналец“, кои денес го одбележуваат својот празник.