Најмладите охриѓанчиња беа главни ѕвезди на „Првоаприлскиот хепенинг под маски“ во Охрид

Маскирани во супер херои, принцези, самовили, пирати и во сите најпознати цртани ликови, најмладите охриѓанчиња денеска беа главни ѕвезди на „Првоаприлскиот хепенинг под маски“ кој по повод Денот на шегата се одржа на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Во весела атмосфера и покрај дождливото време, дечињата уживаа во првоаприлската забава заедно со своите родители и наставници. 

На настанот кој беше организиран од страна на Локалната самоуправа, со музички и танцови точки настапија дечиња од охридските градинки и сите основни училишта во општината.