29/04/2024
Охрид

Пронајдена марихуана во два одделни случаи, приведени две лица

На 03.04.2024 во 13:55 часот на улица „Вардар“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ш.Ф.(36) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветен пријава.

На 03.04.2024 во 21:30 часот на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа С.К.(27) од истото село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 04.04.2024 / СВР Охрид