04/05/2024
Охрид

Света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07. април 2024 година (недела), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“.

На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на претставници од Вселенската Патријаршија, Атинската Архиепископија и други архиереи од МПЦ-ОА.
(ЕДНОЦРКВИЕ)

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.


WebOhrid / 03.04.2024 / Дебарско-кичевската епархија