29/04/2024
ДебрцаОхрид

Објавен литературен и ликовен конкурс на тема „Духот на хуманоста“

📣 Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух кон развој и подигнување на свеста и учество во хуманоста со промоција на хумани вредности и делотворност кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Духот на хуманоста“.

✍️👩‍🎨 На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебрца и друга популација со поезија, проза и ликовна уметност.

📥 Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, најдоцна до 06 мај 2024 година.

🤩 Доставените творби ќе ги разгледува и оценува комисија и наградените творци по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование и други, ќе се објават на 10 мај 2024 година, а свечено ќе се доделат на 15 мај 2024 година.

👉 Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.


WebOhrid / 04.04.2024 / Црвен крст Охрид