Нарушен јавен ред и мир на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид

На 14.08.2019 во 22,оо часот, на паркинг простор на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување помеѓу С.М.(36) од Охрид и Р.А.(62) од Скопје. Против нив, според одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир ќе биде поднесена соодветна пријава.