20/04/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир на ул. „Партизанска“ во Охрид

На 22.03.2019 година во 22:00 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир од Г.И.(44) од Охрид, кој, во алкохолизирана состојба, удирал на металната врата од Католичката црква.

Потоа, ги присилувал неговите малолетни деца да тропаат по куќите на истата улица. Г.И. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.