27/05/2024
Охрид

Назначени нови в.д. директори на ОУ „Св. Наум Охридски“  – Пештани и „Кочо Рацин“

Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ОУ „Св. Наум Охридски“  – Пештани именуван е Илија Стојаноски. Тој доаѓа од редот на вработените.

За В.Д. директор во ОУ „Кочо Рацин“ именувана е Славица Котеска. Славица доаѓа од редот на вработените.

Градоначалникот Кирил Пецаков, на досегашните директори на основните училишта „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Кочо Рацин“, Зоран Целески и Соња Спасеска им се заблагодарува за придонесот и соработката.