24/04/2024
Македонија

Неформален состанок на министрите за внатрешни работи во Софија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Софија, Република Бугарија, учествува на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан во огранизација на бугарското МВР, а во рамки на претседателството на Бугарија со Советот на Европската унија.

Во текот на денешните средби, меѓу другото, се разговараше и околу Стратегијата за кредибилна перспектива за проширување и приоритетите што ги имаат земјите во рамки на тој процес. Приоритенти теми беа зајакнувањето на заедничката соработка во борбата против тероризмот и превенцијата на насилниот екстремизам. Потоа, натамошното промовирање на заедничките истражни тимови кои ги вклучуваат земјите од западниот Балкан и земјите членки на ЕУ, како и зајакнување на соработката во борбата против нелегалната трговија со оружје и трговијата со луѓе.

Министрите за внатрешни работи информираа и за безбедносните закани во регионот, преземените мерки и меѓусебната соработка и заеднички пристап на безбедносен план.