29/04/2024
Македонија

Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

СВР Куманово, СВР Тетово, СВР Битола, СВР Штип, СВР Велес и СВР Охрид поднесоа кривични пријави против Д.Д.(45) и Д.С.(37) од Р.Србија, Н.М.(32), М.Ш.(48), Ф.С.(42), А.Д.(40) и Р.Р.(44) од Куманово, Ј.Ј.(44), Д.Д.(27) и Б.Ј.(20) од Злетово, Ф.П.(28) од с.Старо Лагово, прилепско, Н.Е.(33) од Прилеп, С.М.(47), А.Т.(43) и Д.Т.(41) од Битола, Б.С.(20) од с.Копачин Дол, тетовско, С.М.(19) и А.И. (19) од Тетово, О.П. (23) од Тетово, Е.Б.(35) од Струмица, М.И.(28) од с.Туин, Ф.Р.(29) и А.С.(23) од Куманово, Г.А.(21) од с.Отља, кумановско, Г.Р.(50) од Куманово, О.Ј.(29) од с.Черкези, кумановско, Д.В.(25), И.Т.(25) и М.А.(18) од Кочани, Д.А.(38) с.Облешево, кочанско, С.Ќ.(37) од Скопје, А.Л.(32) и М.К.(29) , Ј.С.(19), Ј.С.(36), Р.Д.(67), Р.Т.(36) од Велес, Е.М.(30) од Прилеп, А.И.(19) и Б.Е.(19) од с.Селце, тетовско, А.Т.(21) и К.С.(17) од с.Теарце, тетовско, С.Б.(36) с.Чифлик, тетовско, Р.Л.(25) од Гостивар, Љ.Х.(27) од Скопје, З.З.(24), Х.А.(52) и И.А.(49) од Куманово и Т.С.(31) с.Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 10.02. до 07.06.2021, се движеле без дозвола за движење за време на забрана за движење. На 10.06.2021 околу 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот од куќата на Е.Е.(33) на ул.„Црногорска“ едно лице фрлило шише со запалива течност. Сопственичката успеала да го изгасне огнот, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.