20 нови случаи на Ковид – 19, починати се 2 лица
Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од:
• Куманово – 5
• Скопје и Битола – по 4
• Тетово – 3
• Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.
Пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63г и 78г).
Регистрирани се 30 оздравени пациент од:
• Скопје – 21
• Куманово, Прилеп и Виница – по 2
• Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.