26/04/2024
Македонија

Непродадени 6.368, а се градат 11.950 нови станови

Во периодот јули – септември 2019 година, на целата територија на државата се продадени 674 новоизградени станови што е за 195 станови повеќе од второто тримесечје, годинава, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за катастар на недвижности.

Заклучно со септември, на целата територија на државата има 6.368 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 11.950 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, пишува во извштајот.

Инаку, најголем број продадени станови во периодот јули-септември, годинава има во општина Карпош, односно во овој период се продадени 239 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој период се продадени 30 куќи.

Статистиката покажува дека становите во Карпош се најпродавани иако имаат највисока просечна цена од 60.398 денари за квадрат.

извор: мета.мк