Нов лик на детското и спортско игралиште во Косел
Со финансиска поддршка и по налог на Општина Охрид, екипи на ЈП „Градски Пазар“ деновиве извршија комплетна реконструкција и поставување нови реквизити на детското игралиште во с.Косел.
Во рамки на проектот се изврши реконструкција на старата метална ограда на спортското игралиште, а целосно нова метална ограда доби детското игралиште во ова охридско село. Со тоа се создадоа поволни услови за спорт и рекреација на младите и насочување кон здрави животни навики.