27/04/2024
Охрид

Свежо цвеќе во чест на Методи Патчев

Делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, по повод годишнина од неговата смрт.

Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од  Општинското основно  музичко училиште „Методи Патчев“, од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија  и претставници на политички партии.

Metodi_Patce_07042023001Metodi_Patce_07042023002Metodi_Patce_07042023003