20/06/2024
Охрид

Нова авторска песна „Judy“ на охриѓанецот Александар Петрески

Охриѓанецот Александар Петрески со нова авторска песна насловена „Judy“.

„Со задоволство Ви ја претставувам мојата нова авторска песна Judy!

Видеото, во едно преубаво јулско приквечерие на местото кое јас го нарекувам Филип втори (измеѓу Канео и Лабино во Охрид), во една преубава дружба го снимивме заедно со видео и аудио продуцентот Даниел Јовески. Никогаш не сум се осетил посигурно пред камера и искрено ја уживав секоја секунда, знаејќи каков мајстор стои зад камерата! Сонцето полека го напушти хоризонтот, а ние полни со позитивна енергија го запревме времето и запишавме историја подарувајќи Ви го ова видео.

Музика, текст, аранжман и микс – Александар Петрески

Мастеринг – Daniel Joveski Sustain Production

Видео – Даниел Јовески

Останете во тек и следете ме на социјалните мрежи, Youtube, Facebook, Instagram, TikTok…
Уживајте!“ – порачува Петрески.