19/04/2024
Македонија

Нова цена на дизелот

Согласно измените и дополнувањата во членот 28, став (1), точка 2) од Законот за акцизи (“Службен весник на РМ“ бр. 171/2017), со кој се менува износот на акцизите на одделни нафтени деривати, неопходно е донесување на нова Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата, која стапи во сила од 00:01 часот на 01.01.2018 година, односно од истиот датум влегoa во сила и измените и дополнувањата на Законот за акцизи.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, не се променија, односно останаа на исто ниво, како што биле утврдени со Одлуката од 25.12.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 28,603 ден/кг. Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.12.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.