29/04/2024
Македонија

НовАсном: Бугарија да ни плати воени репарации

Организацијата НовАсном, смета дека нашиот источен сосед – Република Бугарија треба, на Република Македонија да и исплати воени репарации во износ од 334,266,670.00 милиони американски долари, за штетата нанесена за време на Втората светска војна кога, бугарската окупациска војска ја окупираше Македонија. Оттука, сметаме дека Република Македонија, треба да пристапи кон разгледување и формализирање на вакво барање и до нашиот источен сосед, час поскоро, официјално  да поднесе адекватно барање.

Како базична и појдовна сума ја земавме сумата од 25 милиони долари која Република Бугаријаја прифати да ги плати како репарации кон Југославија кога го потпиша Бледскиот Договор на 1 Август 1947 година во Блед, Република Словенија. Сумата од 334,266,677.00 милиони американски долари ја добивме од кога ги пресметавме инфлаторните трошоци од 1 Август 1947 па се до денеска и за тоа го користевме инлфаторниот калкулатор на Министерството за труд на САД.

Паралелно на ова барање, Организацијата НовАсном предлагада се донесе закон кој строго ќе го утврди трошењето на овие средства во развојот на недоволно развиени подрачја и одредени инфрастуктурни проекти кои ќе бидат распределеи на следниов начин : 40% од парите да се користат за реновации на болничките центрии и вработување во болничките центри  во источниот и јужниот регион, 30% од средствата да се искористат за изгрдадба на пречистителни станициво Битола, Охрид и Струмица и 30% од средствата да се користат за реновирање на школите низ Републиката.


WebOhrid / 09.04.2023 / НовАсном