27/04/2024
Македонија

НОВАСНОМ: Честит Денот на Македонската Борба

„Денеска, кога Македонија го празнува Денот на македонската револуционерна борба и го слави 23 октомври 1893 година, кога во Солун, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов е основана Македонската револуционерна организација, нашата нација стои исправена пред слични и исти предизвици со кои се соочувале основоположниците на Организацијата.

Денеска, на Денот на македонската револуционерна борба, кој и претставува и симбол на континуитетот на македонската борба за независност, нашата организација, „НОВАСНОМ“, смета дека во Република Македонија, неминовно и итно ни треба вистинско обединување на нацијата и вистинско граѓанско помирување.

„НОВАСНОМ“ смета дека на современата и самостојна македонска држава, со понижувачкиот Преспански договор, ѝ се нанесени големи штети на нацијата, а Македонското прашање претставува фигура во комбинаториките на Балканот и сè уште не е решено. Ние, час поскоро треба да се вратиме на вистинскиот пат и кон вистинските демократски вредности.

Нашите роднини и пријатели во Република Грција, кои го зборуваат македонскиот јазик, како што е дефинирано во понижувачкиот Преспански договор, не можат да си ги остварат своите основни човекови права, не можат да го учат својот мајчин јазик, не можат да се организираат во културни, политички и национални заедници. Кршењето на нивното основно човеково право во Грција е норма која е игнориранана од ЕУ, а е поддржана е од оваа влада на Македонија што тие ја нагрдија со додавката Северна.

Во Бугарија, нашите роднини и пријатели, и поред покрај 14-те пресуди во Судот за Човекови права во Стразбур против државата Бугарија, сè уште не можат да си ги остварат своите основни човекови права. A Европската Комисија, чија должност по закон е да ги спроведува пресудите од Стразбург и да ја санкционира Бугарија, ништо не превзема да се имплементира законот во Европската Унија, додека оваа одродена влада го игнрорира нивното постоење.

„НОВ АСНОМ“, оваа Северна не ја чувствува како своја, впрочем, како и мнозинството етнички Македонци. Желбите на „НОВАСНОМ“ се исти како и на дејците кои ја основаа Македонската револуционерна организација, Република Македонија преку цврсто здружување и обединување на македонскиот народ.

Ние ја сакаме правдата, човековите права, и владеењето на правото на ист начин како што и Европската Унија се залага во своите извештаи према кон нас и очекуваме владеењето на правото и човековите права да се почитуваат на целата територија на Европската Унија, а не само на нејзини поедини делови од нејзе.

Нека ни е честит празникот, знаеме дека повторно ќе бидеме победници.“ – стои во честитката од НОВАСНОМ.


WebOhrid / 23.10.2022 / НОВАСНОМ