Нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Оваа среда претставени се осум нови наслови кои станаа дел од понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Уште денеска побарајте ги: „Погледот на Делфика“ од Мирон Динков, „Смоква“ од Горан Војновиќ, „Централ Парк“ од Гијом Мисо, „Наследство“ од Хана Филдинг, „Наум и синовите“ од Божана Тренческа,  „Врати ме назад“ Б.А. Паркс, „Светлината што ја изгубивме“ од Џил Сантополо, и книгата со книжевни критики „Славољубие“ од Кристина Николовска.

Овој пат како издавачи се појавуваат: Сакам книги, Или –Или , Топер, Силсонс.

Пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“  работи секој работен ден од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.