26/04/2024
Охрид

Нови резервоари за вода во Свиништа и Лакочереј

По налог на Општина Охрид започнаа градежните активности за реконструкција  на резервоарот за вода  и изградба на нов цевковод во с. Свиништа.  Проектот се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа во вредност од 335 191 денари.

Во моментов се работи и на реконструкција и санација на резервоарот  за вода во с. Горно Лакочереј. Вредноста на проектот е 1 354 247 денари.

Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга.

По овие активности  се очекува  подобрување на  системот за водоснабдување и поквалитетно приклучување кон системот за вода на сите домаќинства од овие селски средини.


WebOhrid / 07.10.2022 / Општина Охрид