21/05/2024
Охрид

Нови телефонски броеви во СВР Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека изврши промена на фиксните телефонски броеви. Така, досегашниот службен број на СВР Охрид, 262 010 и сите придружни броеви, не се во употреба и се заменуваат со новите броеви 219-100 и 219-111. За граѓаните надвор од Охрид, останува повикувачкиот префикс 046.

Со веќе поставената нова и современа телефонска мрежа во СВР Охрид, на граѓаните им се овозможува директно бирање до локалите во сите служби. Доколку барате одредена служба од фиксен телефон, најнапред го бирате бројот 21, а потоа и бројот на локалот. Ако барате од мобилен телефон, тогаш го избирате бројот 072 33, а потоа број на локалот. На тој начин, директно ја добивате службата или службеникот што ви се потребни.