Новинарите од Нордика – Естонија започнаа да објавуваат промотивни текстови за Охрид
Новинарите од Нордика – Естонија, кои на 2-ри и 3-ти Јуни, учествуваа на промотивната тура „Охрид 2018“, што ја организираа Агенцијата за поддршка на туризмот, ТАВ – Македонија и Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, започнаа да објавуваат промотивни текстови за Охрид.
Седумте новинарски екипи од Нордика – Естонија во текот на промотивната тура ги посетија најзначајните културни знаменитости и турстичките потенцијали на Охрид и регионот, но и руралните средини во кои интензивно се развиваат разни форми на алтернативниот туризам.
Првите промотивни текстови за Охрид во Естонските медиуми може да се погледнат на следниве линкови: