20/05/2024
Охрид

Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Во пријатна атмосфера, учениците од ОМУ „Методи Патче“, синоќа, го одржаа традиционалниот новогодишен концерт. На концертот учениците го презентираа сработеното во првото полугодие на оваа учебна година.

Новогодишниот концерт на ОМУ „Методи Патче“ е дел од концертите кои ова училиште ги организира во текот на годината.