Новогодишна честитка на ОО СДСМ Охрид

ОО на СДСМ Охрид, испрати Новогодишна честитка до сите граѓани, во која стои:

„Годината што измина е година во која сите заеднички се обединивме околу една цел, повторно да ја изградиме државата и да ја поставиме на здрави темели. Тоа беше година во која покажавме дека ако добрите луѓе се обединат, злото ќе биде победено.

Сиот пат кој заедно го изодевме, сите предизвици со кои заедно се соочивме, сета енергија која неуморно заеднички ја трошевме, вредеше. Вредеше бидејќи во годината што измина, вие, заедно со нас избравте живот во Македонија, живот во Охрид за СИТЕ!

Зад нас останува година во која охриѓани јасно и на најдемократски начин на локалните избори во огромно мнозинство покажаа дека избираат живот во Охрид за сите. Почитувани охриѓани, во 2017та година направивме многу, но најважно од се, во 2017та година, сплотени, заедно, се изборивме за СЛОБОДА.

Пред нас стојат уште многу предизвици. Наша најважна цел за оваа 2018та година несомнено е да покажеме на дело дека ќе има живот за сите. Нема да биде лесно, но со вашата поддршка тоа го остваруваме. Нека 2018та година биде годината кога Република Македонија ќе ја видиме онаква каква што заслужува да биде, просперитетна и демократска држава, годината во која Охрид ќе го видиме онаков каков што несомнено заслужува да биде. И најважно од се, посакуваме во 2018та година да гледаме насмевки на лицата на сите наши сограѓани. Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ви посакува Среќна и бериќетна 2018та година.“- стои во честитката.