18/07/2024
Македонија

Новоотворена дупка во пропадната земја откри подземни скривници во Куманово

Од РЦУК – Куманово известуваат дека на ден 22.03.2019 година на бесплатниот телефонскиот број за итни повици 195 во попладневните часови едно лице пријавило дека на ул.Ѓуро Пуцар кај м.в. Багрем бања кај што живее, во близина на негова семејна куќа е појавена невообичаено голема дупка од пропадна земја со пречник на отвор 50 до 60 см кој надолу се проширува до 150 см и повеќе, а длабочина е од околу 6м. Исто така известил дека неговата куќа и една друга куќа моментало се најблиску до отворот и се најзагрозени од евентуално проширување од поголеми размери до нивните куќи и побарал помош од надлежни субјекти за спречување и остранување на потенцијалната опасност. За настанатата состојба запознаен е Градоначалникот на Опш.Куманово како и надлежните лица на Општинскиот штаб на Куманово.

Од страна на надлежните лица на Општинскиот штаб заедно со Раководителот на РЦУК Куманово е излезено на самото место на настанот и е констатирано дека се работи за подземни скривници најверојатно од бивша ЈНА со два непознати крака кои водат кон железничката пруга во населба Перо Чичо. На самото место направени се мерења и сликање на отворот и е констатирано ЈП Водовод на ден 23.03.2019 година да постави бариери-прегради со забрана на движење во тој потег бидејки земјиштето има интенции за поголеми одронување во пречник од околу 4 до 5 метри.

Договорено е на ден 25.03.2019 година (Понеделник) во 10:00 часот Општинскиот Штаб да закаже итна вонредна седница и да се донесат конкретни заклучоци за да се преземат соодветни мерки за понатамошна активност во врска со настанатата состојба за спречување и остранување на потенцијалната опасност.