Обединети за Македонија со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица
На сите православни верници партијата Обединети за Македонија им го честита големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, посакувајќи празникот да го поминат во духовен мир, исполнет со многу здравје, среќа и бериќет во секој дом.
„Силата и поддршката што доаѓаат од домот се најважни во борбата со сите животни предизвици и искушенија.
Искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели за промовирање на православните христијански вредности. Сите заедно да работиме за подобра иднина на секој граѓанин и на нашата држава.“ – стои во честитката.