28/04/2024
Македонија

Облачно и постудено време со повремени врнежи од снег

Следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег, освен вдолж Повардарието каде ќе бидат од дожд и снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта и утре претпладне (локално над 30 л/м2). На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми (20 до 30 см), а нова ќе се формира и во некои пониски места. Температурите ќе бидат под просекот за овој период.