26/04/2024
Македонија

Облачно време со дожд, за викендов се очекува и заладување

Од УХМР известуваат дека денес ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 л/м2. Во југозападните делови можна е појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен вдолж Повардарието. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот.