26/04/2024
Спорт

Од 11 до 14 октомври во Охрид ќе се одржи Третото издание на Меѓународниот младински турнир во шах

Од 11 до 14 Октомври во Хотел Филип населба Долно Коњско – Охрид ќе се одржи третото издание на Меѓународниот младински турнир во шах „Ласкер 2018“ на кој учество ќе земат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија.

Турнирот е во организација на Шаховски Клуб Ласкер – Охрид со поддршка од Шаховска Федерација на Македонија, Хотел Белведере Охрид и АРС Ламина Публикација Скопје.

Листата на учесниците може да се погледне на: веб-страната на Светската шаховска федерација ФИДЕ.