27/04/2024
Македонија

Од денес календарски започнува зимата

Официјално од денес во 17:28 часот настапува зимската краткодневица на северната полутопка, со што календарски започнува зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат студено време со мала локална облачност и слаб северен ветер.

Зимата ќе трае 89 дена, до 20 март 2018 година во 17 часот и 15 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.