27/04/2024
Охрид

Од почетокот на годинава евидентирани се 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 2 жртви

Од почетокот на 2021 година до денеска, на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и 01 жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 2 жртви.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, од почетокот на годинава извршила вкупно 174 зајакнати акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот во кои, 10 возачи биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол а 58 ја пречекориле дозволената брзина на движење, 44 автобуси биле испратени на вонреден технички пеглед при што кај еден автобус, констатирани се неисправни уреди за сопирање. Овие возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани.

Најчести причини за сообраќајните незгоди и понатаму остануваат, непридржување на брзината на движење пропишана на патниот правец, неприлагодување на брзината на движење спрема условите на патот, управување моторно возило под дејство на алкохол, зборување на мобилен телефон во тек на управување моторно возило. Од СВР Охрид апелираат до сите учесници на сообраќајот на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.