08/05/2024
Охрид

Одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Денес во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, се одбележа патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“.

Најпрво директорката на училиштето, Мирјана Крлеска, заедно со претставници од училиштето положија свежо цвеќе пред бистата на Живко Чинго.

Следуваше богата уметничка програма од страна на учениците, а потоа им беа додеделни дипломи и пофалници за освоени награди на училишниот натпревар по математика.