Одржана шеесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

Денес се одржа 65-та седница на Советот на Општина Охрид, со единствена точка на дневен ред – Предлог одлука за збратимување на Охрид со полскиот град Огроџењец.

На седницата присустуваа 14 советници, кои едногласно ја прифатија одлуката за збратимување. Со посебен документ ќе бидат прецизирани областите во кои ќе се одвива идната соработка.