26/04/2024
Спорт

Одржани Екипни младински првенства во шах за 2022

На 19 и 20 Ноември 2022 во ПСУ Јахја Кемал Скопје, се одржаа Екипните младински првенства во шах. На првенството се пријавени рекордни 240 деца од 13 шаховски клуба од Македонија. во категории U08, U10, U12, U14, U16 и U18.

ШК ЛАСКЕР Охрид, пријави две екипи и тоа во категорија:

U10 во состав: Хамза Мехмед, Мартин Серафимоски, Марко Попоски и Драган Анѓелески,

U18 во состав: Константин Лушески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Елена Лушеска и Емилија Лушеска.

Во категоријата U10 беа пријавени 10 екипи, се играше на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 4 место.

https://chess-results.com/tnr698209.aspx?lan=1

Во категоријата U18 беа пријавени 7 екипи, кои беа поделени во две групи кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого, првите две екипи од секоја група, формираа финална група каде се одлучуваше конечниот пласман, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 3 место.

https://chess-results.com/tnr698892.aspx?lan=1

ШК Ласкер Охрид финансиски е помогнат од Општина Охрид.


WebOhrid / 21.11.2022 / ШК Ласкер Охрид