01/05/2024
Охрид

Одржано Изборно собрание на ИПА регион Охрид

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, викендов во Охрид одржа Изборно собрание на кое, присуствуваа претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости. Притоа, со јавно гласање, беше избран Управен одбор за наредниот пет годишен мандат во состав: Стефан Димоски-претседател, Игор Смилески-генерален секретар, Сашо Шумуликоски-помошен генерален секретар, Александар Голабоски-благајник, Антигона Цветаноска-помошник, Александар Трајкоски и Марина Секулоска-делегати во Националната секција на ИПА Македонија, Наташа алброска, Јово Упески и Боге Цветаноски-членови во Надзорниот одбор. Избрани се ИПА координатори за Охрид-Наум Аиноски и Бојан Трковски, за подрегионот Струга-Марјан Шумуликоски, Беким Арифи за Кичево и Ридван Садикоски за Дебар, за ИПА секцијата на жени Наташа Бошалеска и Анкица Радеска, за спорт Дејан Чолески, мото клуб Јашар Седат и Дејан Георгиевски, на секцијата на ветерани Тони Филипов. Ова е тимот пред кој претстојат бројни предизвици, кампањи, работа, ангажман, консултации, идеи, креативност, дијалог, самоодрекување, дружење и колегијалност што ќе ја води ИПА Охрид напред кон понатамошни успеси и работа посветена за добро на сите ИПА членови но и на општеството во целина.

Инаку, Интернационалната полициска асоцијација е најголемата полициска организација во светот, формирана на 1 јануари 1950 година, составено од активни и пензионирани членови на полициската служба, без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија. Целта на ИПА е професионална соработка, создавање пријателство помеѓу припадниците од сите ИПА земји-членки, врз основа на Статут и начелата утврдени во декларацијата за човекови права, усвоена од страна на Генералното собрание на ООН во 1948 година. Оттука, мотото на ИПА е, SERVO PER AMIKECO – СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.


WebOhrid / 07.02.2022 / ИПА регион Охрид