26/04/2024
Спорт

Одржано второто издание на Рапид турнирот во шах „Езерски Бисер 2023“

Денес (04.02.2023) во просториите на Младински Центар Охрид се одржа второто издание на Рапид турнир Езерски Бисер 2023, на кој учествуваа 41 шахист од Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани.

Турнирот се играше по Швајцарски систем во 7 кола со темпо на игра 10’05”.

Наградени во младинска конкуренција родени 2007 и помлади: Симоноски Лука златен медал, Елена Лушеска сребрен медал и Герасим Кумбароски бронзен медал, Лушеска Елена најдобро пласирана шахистка, Лука Симоноски најдобро пласиран млад шахист, Пандо Пурцов најдобро пласиран шахист во категорија 60+.

Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Методија Анѓелкоски со освоени 6 поени, сребрен медал за Анѓелкоска Јана со 6 поени и послаб Бухолц од прво пласираниот шахист, бронзен медал за Каланоски Милован, четврто место за Попаѓоски Љупчо и пето место за Ризвани Миљот.

Благодарност до Општина Охрид која финансиски го помогна одржувањето на турнирот.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com/


WebOhrid / 04.02.2023 / ШК Ласкер