25/04/2024
Струга

Ограбена златарница во Струга

На 23.08.2018 година околу 17:15 часот во златарница на улица „Маршал Тито“ во Струга, непознато лице извршило разбојништво над вработениот. Сторителот од вработениот побарал прстен кој претходно го нарачал. Откако вработениот, по извршен разговор со сопственикот, му рекол дека треба прво да го донесе неговиот прстен, непознатото лице ставило една кеса на масата и му се заканило дека во кесата има бомба. После тоа сторителот одзел еден златен прстен со вредност од околу 11.000 денари и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.