23/04/2024
Охрид

Охрид дел од одбележувањето на „Часот на планетата Земја“

Петта година по ред, општина Охрид заедно со волонтерите од Црвениот крст од Охрид, се приклучуваат кон акцијата за одбележувањето на „Часот на планетата Земја“.

Во знак на поддршка, утре (24.03.2018) од 20:30 часот до 21:30 часот, ќе биде исклучено осветлувањето од црквата „Св. Јован – Канео“, „Самоиловите тврдини“ и на плоштадот Мини маркет.

Истовремено, волонтерите од Црвениот крст од Охрид, со свеќи ќе го направат заштитниот знак на манифестацијата „60+“.