19/04/2024
Охрид

Охрид го чествува Илинден

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен бистите на хероите од двата Илиндена, општина Охрид го одбележа 2. Август – Денот на Републиката.

Денеска, делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Константин Георгиески се поклона пред спомен облежјата во Градскиот парк, а делегација на општина Охрид предводена од заменик – градоначалникот Ристо Николески, положи свежо цвеќе пред обележјата кај Прентов мост и во селото Плаќе.