04/05/2024
Охрид

Охрид го чествува името на големиот револуционер Христо Узунов

Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов во градскиот парк.

Цвеќе положија и здруженија на граѓани, претставници на институции и политички партии.

Во рамки на чествувањата по повод годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, деновиве и ООУ „Христо Узунов“  го одбележа патрониот празник со богата културно уметничка програма.


WebOhrid / 24.04.2024 / Општина Охрид