12/11/2024
Охрид

Охрид по втор пат домаќин на Фестивалот „Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“

Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ – Охрид и Фондација Жар-С – Бугарија и оваа година се организатори на Интернационалниот фестивал „Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“ во Охрид што ќе се одржува од 20 – 24 јуни 2018 година.

Овој меѓународен фестивал се одржува по втор пат со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, Министерството за култура на Р Македонија, Општина Охрид, НУ Охридско лето, Македонска опера и балет, Нов Бугарски универзитет и МБП. Идејата на организаторите е промовирање на традиционалните бугарски народни уметности преку огромните можности на туризмот и медиумите. Основна задача на организаторите е давањето можност за перформанс и претставување на сопствена програма на учесниците.

Учесници во програмата ќе бидат фолклорни ансамбли и фолклорни пејачки и танцови групи, хорови, клубови за народни танци и групи за староградски песни.

Свеченото отварање на овој фестивал ќе биде на 21 јуни (четврток) на Летната сцена Долни Сарај-Охрид со почеток во 20 часот.

Влезот е слободен за сите посетители.