14/12/2024
Спорт

Охридски гимназијалци најдобри на Државното првенство во шах за основни и средни училишта

На Државното првенство во шах за Основни и Средни училишта што се одржа денес (17.12.2021) во Спортската сала на ОУ „Наум Наумоски Борче“ општина Гази Баба, Скопје, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, Агенција за млади и спорт и Шаховска федерација на Македонија, учествуваа 26 млади шахисти од средните училишта од државата.

Охридската гимназија ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид ја претставуваа:
Никола Николовски ученик во II година кој го освои првото место,
Стојан Велкоски ученик во II година кој го освои второто место и
Константин Лушески ученик во II година во кој го освои четвртото место.


WebOhrid / 17.12.2021 / ШК Ласкер Охрид