27/04/2024
Спорт

Ракометарите на Охрид загубија во Битола од шампионот Пелистер 31:27

Ракометарите на Охрид во возбудлив финиш загубија во Битола од шампионот Пелистер 31:27 (17:17) во натпревар од 3-то коло од плеј-офот.

„Гладијаторите“ до 51 минута беа повеќе од рамноправен противник, за што говори водството кое до тој момент го имаше Охрид кое во еден момент изнесуваше и +3. Но Пелистер во финишот имаше повеќе среќа и присебност и на крај успеа да извојува значајна победа.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ристески, Ојлески 7, Мацуока 2, Јукиќ 6, Дрогришки, Пелидија 1, Тасески, Шафранко 3, Кукоски, Крстевски 2, Орјоникидзе 1, Бојаниќ 1, Цирар 4.


WebOhrid / 26.02.2024 / ГРК Охрид