27/04/2024
Охрид

Приведен велгоштанец кој го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување пред угостителски објект

На 25.02.2024 година, на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведен е И.Б.(52) од охридското село Велгошти кој претходно, пред угостителски објект на истата улица, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 26.02.2024 / СВР Охрид