29/04/2024
Охрид

Охридскиот хор Vox Lychnidos ќе настапи на фестивали во Херцег Нови и Темишвар

Охридскиот градскиот мешан хор Vox Lychnidos во периодот што претстои ќе гостува во Црна Гора и Романија.

Од 6-ти до 8-ми октомври ќе учествуваат на осмиот Меѓународен хорски натпревар што ќе се одржува во Херцег Нови.

Диригентот на хорот Бурим Хидри потенцира дека имаат подготвено посебна програма за овој натпревар, ќе ги изведат композициите „Sicut cervus“, „Konj“, „Besame musho“, како и „Капетан“ од охридскиот композитор Гоце Гарвиловски.

Настапот им е во сабота, на 7-ми октомври, а сцената ќе ја делат со хорови од Црна Гора, Србија, Хрватска,  Босна и Херцеговина и Словенија. Хидри изрази надеж дека ќе имаат одличен настап и се надеваат на освојување награда.

На фестивалот се натпреваруваат 20 машки, женски и мешани хорови од девет земји.

По враќањето од Црна Гора хористите продолжуваат со редовните проби и ќе се подготвуваат за учество на фестивал во Темишвар следниот месец.


WebOhrid / 03.10.2023 / Vox Lychnidos