27/04/2024
Охрид

Охриѓанец пронајден мртов на работното место

На 09.09.2018 година во 21:34 часот во Полициската станица Охрид, вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување, која била задолжена за обезбедување на објектот.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител , телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.