Охриѓани наградени на Државниот напревар по хармоника
Вчера во Кавадарци се одржа Државниот натпревар по хармоника. Од Охрид учествуваа само двајца ученици, кои под менторство на професорот по хармоника, Наум Џуклески освоија прва награда на регионален, секој од својата категорија, Дамјан Наумоски- петта година во основно музичко „Методи Патче“ и Климент Размоски -втора година исто така во основното музичко училиште „Методи Патче“.
На Државниот натпревар Дамјан Наумоски освои втора награда од својата категорија и Климент Размоски освои прва награда од неговата категорија.
http://mbp.org.mk/?p=939