25/04/2024
Охрид

ООУ „Братство Единство“ го одбележува патрониот празник

Со бројни активности, почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД-19, ООУ „Братство Единство“ денес го одбележа својот патронен празник. За учениците од прво до трето одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, во дворовите на двете училишни згради, беа организирани спортски игри, како и часови по ликовно образование на тема „Моето училиште“. За учениците пак, кои наставата ја следат од далечина, без организирани мултидисциплинарни квизови на знаење.

„Младоста е мојата радост“ беше темата на овогодинешниот ликовен и литературен конкурс, а комисијата од пристигнатите литературни творби, за најдобри од одделенска настава ги прогласи: Андреј Николоски (V-6, македонски наставен јазик), Елјеса Лога (IV-2, албански наставен јазик), Ефеџан Халили (V-1, турски наставен јазик), додека од предметна настава творбите на Виктор Локоски (VII-7, македонски наставен јазик), Ера Ризвани (IX-3, албански наставен јазик) и Кајра Муфти (VI-1, турски наставен јазик). Од пристигнатите ликовни творби, за најдобри беа прогласени: Алмедин Рустем (III-5, македонски наставен јазик), Елјеса Лога (IV-2, албански наставен јазик) и Ајџан Реџеп (II-1, турски наставен јазик), додека од предметна настава: Мариана Трајческа (VII-6, македонски наставен јазик), Сара Усеини (VI-албански наставен јазик), Џанур Абдула (IX-2 , турски наставен јазик).

По повод патрониот празник, беше изготвен и видео запис со заеднички активности на учениците од различни етнички заедници, во ритамот на химната на училиштето „Сите сме едно – живееме заедно“.

https://youtu.be/Kq9-M97fbk0