04/05/2024
Охрид

ООУ „Христо Узунов“ го чествува својот патрон

Делегација на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Перчо Божиновски, денеска присуствуваше на пригодната свеченоста во ООУ „Христо Узунов“, во рамки на програмата за одбележување на училишниот патрон и годишнината од херојската погибија на овој голем охридски револуционер.

Покрај полагањето на свежо цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов, беше одржан историски час и беа доделени дипломи на наградените ученици.

Во чест на патронатот, учениците од ова училиште, предводени од своите професори, во петокот одржаа и свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“.


WebOhrid / 22.04.2024 / Општина Охрид