27/04/2024
Охрид

ООУ „Ванчо Николески“ на Еразмус+ образовна мобилност во Словенија

   На образовната мобилност од Еразмус+ проектот „Стратегии за намалување на отсуството од часови“ која се реализираше во Љубљана, Словенија од 20-ти до 24-ти Март 2023 година на тема „Intergrating STEAM projects in scince lessons“, присуствуваше тим од ООУ „Ванчо Николески“. Целта беше интегрирање на STEAM пристапот во лекции по природни науки. Со партнер земјите (Србија, Италија, Турција, Словенија) се споделуваа искуства и знаења преку реализација на наставни часови по природни науки, се прикажуваа презентации за природните науки во партнер земјите, се споделуваа алатки за работа на часовите и практични примери. 

   Тимот беше во посета на Основно училиште „Шентвид“ во Љубљана кое е партнер училиште во овој проект. Во рамки на посетата беа реализирани креативни часови по природните науки од страна на наставниците од IV и V одделение од училиштето, а потоа и наставниците од сите земји учеснички реализираа часови со теми од природните науки. Од нашето училиште одделенскиот наставник Марија Крцоска со останатите од тимот реализираше наставен час на тема „Менување на својставата на материјата со загревање и ладење“ во IV одделение, додека предметниот наставник Габриела Ѓоргиевска заедно со останатите од тимот реализираше час во V одделение на тема „Загадување на водата“. При реализација на часовите се споделуваа искуства, знаења, техники и практични примери кои се користат во реализација на часовите. Секоја земја ги  презентираше  природните науки во наставата во земјата од која доаѓа. Исто така беа реализирани посети со туристички водич низ значајни места, како што се: Постојнска Јама, националниот парк Блед, прошетка низ Љубљана и посета на градот Пиран. 

   За време на престојот во Словенија учесниците од проектот имаа прием од градоначалникот на градот Љубљана. 

   Тимот од училиштето ООУ „Ванчо Николески“ се врати со прекрасни, воодушевувачки впечатоци од споделените искуства, знаења, култура, дисциплина и  практични примери од земјата домаќин и нивниот образовен систем.


WebOhrid / 03.04.2023 / ООУ „Ванчо Николески“